Ел Чека: Ќе ги објавам бомбите и материјалите ќе ги испратам до ЦИА

Сподели

 

Лицето со прекар Ел Чека, на социјалните мрежи продолжува да објавува прислушувани материјали во кои тврди дека соговорници се високи функционери на ДУИ. Во една од своите објави на фејсбук Ел Чека пишува дека во консултација со адвокат ќе ги објави сите материјали коишто ги поседува и оти потоа фајловите ќе ги испрати до ЦИА и до амбасадата на САД во Скопје.

-Сега Али Ахмети, Муса Џафери, Беќир Хасани и многу други ќе ја разберат мојата посветеност на ова прашање. Ќе ги публикувам датотеките и снимките што ги имам, во консултација со мојот адвокат за сите, а потоа ќе ги испратам до ЦИА и Американската амбасада во Скопје.Или ќе бидат затворени за криминалци или Заеви ќе падне!, пишува Ел Чека на својот фб профил.

МВР информираше дека го лоцирале објавувачот и дека го известиле обвинителството.

-Утврдено е кој стои зад профилот на Фејсбук од каде што се пласирани овие содржини и за тоа е известено Обвинителството. Исто така, известена е социјалната мрежа Фејсбук односно надлежните во оваа компанија се известени дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис. По целосното расчистување на случајот, МВР ќе поднесе кривична пријава против сторителот и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста, велат од МВР.