Во последниот натпревар од првата фаа на ЕП 2018 во ракомет, Македонија играше со Германија со резултат 25:25, и со овој бој репрезентацијата на Македонија го освои првото место во групата.
Најефикасен во нашиот тим со шест гола беше Филип Талески, Дејан Манасков и Кире Лазаров постигнаа по пет, а три пати во листата на стрелците се запиша Стоилов.
Нашите голмани заедно имаа 14 одбрани од кои 12 на Борко Ристовски, а две на Никола Митревски.
Македонската репрезентација го освои првото место во групата и во втората фаза пренесува три бода.