Втора победа за Македонија совладана е Црна Гора со 29:27 и по второто коло е на првата позиција на табелата со 4 бода, пред Германија со 3 и Словенија со 1 бод, Црна Гора нема бод.
Со вечерашнава победа селекцијата на Македонија е прва во својата група, со максимални 4 бода.
Филип Кузмановски со пет голови беше најефикасен на натпреварот, Миркуловски и Лазаров постигнаа по четири, три реализираше Филип Лазаров. Во составот на Црна Гора, Чавор запиша шест голови, Вујовиќ имаше пет.
Во среда Македонија од 18:15 часот игра против европскиот првак Германија.