Ердоган најави турско државјанство за сириските бегалци

Сподели

erdogan

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека владата работи на проекти со кои на сириските бегалци ќе им биде овозможено да се стекнат со турско државјанство ако тоа го сакаат, пренесуваат турските медиуми.

– Сакаме да им помогнеме на сириските пријатели и да им понудиме можност да станат државјани на Турција – изјави Ердоган во говорот во јужната провинција Килис, која се наоѓа на границата со Сирија.

Ердоган истакна дека, Министерството за внатрешни работи набрзо ќе ја соопштило процедурата за поднесување на барање за добивање на турско државјанство.

Турција прими 2,7 милиони сириски бегалци кои побегнаа од петгодишната војна во Сирија, а во која настрадаа повеќе од 280.000 лица.