ЕСП: Талат Џафери подготвува сценарио за фалсификување на изборите

Сподели

 

Лидерите на Европскиот Сојуз за Промени ја напуштија лидерската средба, информираше Изет Меџити, претседател на Демократското движење. Тој рече дека средбата ја напуштиле по заминувањето на спикерот Талат Џафери, во моментот кога се разговарало за членот на ДИК.

 “Излеговме и ние затоа што немавме со кого да ги соочиме аргументите“, рече Меџити. 

Тој истакна дека бараат предвремени парламентарни избори бидејќи оваа влада не го исполнила главното ветување а тоа е интегрирање на државата. 

„Така нашиот предлог за датумот на изборите е 14 и 28 април, така што на 28 април ќе биде вториот круг од парламентарните и претседателските избори за да не дојдеме во ситуација кога некој не ги прифаќа резултатите. “, рече Меџити. 

За техничката влада рече дека треба да има, но министрите да бидат од редовите на албанската опозиција за да се создадат услови за фер и демократски избори. Што се однесува до членот на ДИК, Меџити, рече дека спикерот Џафери овој процес го пролонгира цело време, околу една година и има намера да не се избере новиот член и ДИК да не биде комплетен.