Двајцата највисоки ЕУ претставници, претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел, денеска го потпишаа договорот за разводот на Велика Британија од Унијата.
Со нивното официјално парафирање/ одобрување текстот на договорот на 29 јануари ќе биде поднесен и во Европскиот парламент на ратификување.
Потоа следниот четврток дипломатите од државите-членки на ЕУ ќе треба и писмено да го одобрат договорот, со што ќе го гарантираат напуштањето на Велика Британија на заедницата точно на полноќ на 31 јануари.
Во оделен твит Мишел напиша: „Нештата неизбежно ќе се сменат, но нашето пријателство ќе остане. Почнуваме ново поглавје како партнери и сојузници.”
И потоа Мишел на француски додаде: „Се стремиме оваа нова страница да ја напишеме заедно“.