Финалниот дуел почнува вечерва во 21 часот на стадионот “Stade de France” во Сент-Денис, а правдата на теренот ќе ја дели англискиот арбитар Марк Клатенбург
Европското првенство во фудбал вечерва ќе биде завршено со финалиниот меч во кој за титулата првак на Европа ќе се бори домаќинот Франција и селекцијата на Португалија. (AA).
Изминатите 30 дена на десет француски стадиони 24 национални тимови одиграа вкупно 50 натпревари од ЕУРО од кои на крајот во борба за титулата првак на стариот контитент останатите селекции на Франција и Португалија.
Финалниот дуел почнува вечерва во 21 часот на стадионот “Stade de France” во Сент-Денис, а правдата на теренот ќе ја дели англискиот арбитар Марк Клатенбург.
Избраниците на францускиот селектор Дидиер Дешамп најавуваат решителна борба за третата титула првак на Европа. Нападот на триколорите ќе го предводи фантастичниот Антони Гризман кој досега на турнирот постигна шест гола.
Од друга страна, репрезентацијата на Португалија, предводена од Кристијано Рондалдо, во текот на турнирот ја брусеше формата и подготвена го дочекува финалниот двобој. Трите реми натпревари во групата, па гол во продолжението против Хрватска, потоа пеналите против Полска беа трнлив пат на Португалија до полуфиналето во кое полесно од очекуваното го декласираа Велс и покажаа дека во решавачкиот момент напаѓачкиот дел од екипата влезе во форма.