Заврши ЕУРО 2020 за хрватскиот репрезентативец кој е позитивен на корона вирусот. Станува збор за играчот на Интер, Иван Перишиќ кој нема да може да игра против Шпанија на Европското првенство.
Перишиќ ќе мора да се изолира 10 дена, што значи дека ќе го пропушти четвртфиналниот натпревар, ако Хрватите одат понатаму.
Фудбалерот на Интер е незаменлив во тимот на Златко Далиќ и ова е голем удар за хрватската репрезентација. Перишиќ беше изолиран од соиграчите од националниот тим, а медицинската служба детално ја извести епидемиолошката служба за состојбата.
Сите други играчи и членови на стручниот штаб се негативни на корона вирусот. Натпреварот од осминафиналето Хрватска го игра против Шпанија утре на 28 јуни во 18 часот.
The post ЕУРО 2020: Корона вирусот влезе во хрватската репрезентација – За овој играч заврши првенството! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico