Во Италија беше одржана последната трка на овогодинешниот “ФИНА ГРАН ПРИ” на отворени води. На трката беа пријавени 28 пливачи од 13 земји. Трката се одржа на релација Капри- Неапол, долга 36 километри.
Првото место е го заслужи Македонецот Евгениј Поп Ацев, кој трката ја заврши за 6 часа и 16 минути. Второпласиран беше минатогодишниот победник Аргентинецот Дамиан Блаум, додека третопласиран беше Французинот Бертранд Вентури.
Заради мошне јаките морски струења и големата километража, оваа трка спаѓа во една најтешките во светот.
Честитки за победникот Евгениј Поп Ацев!