ЕВН ја купи Градска куќа по пат на електронско јавно наддавање

Сподели

 

Вчера успешно заврши електронската аукција, која е првата постапка за продажба на објектот на Град Скопје, кој е лоциран под скопското Кале.

 

На јавниот повик објавен на ден 17.10.2019, со број 01/2019 за продажба на недвижна ствар, по прв пат по пат на електронско јавно наддавање, до предвидениот рок единствено се пријави компанијата ЕВН – Македонија.

Согласно со законските прописи, вчера на 4.ноември, се изврши електронско јавно наддавање со единствената компанија и е постигната почетната побарувана цена од Град Скопје во износ од 785.031.818 денари.

Согласно со предвидените процедури од јавниот повик, купецот треба во рок од 15 дена да ја уплати сумата, по што ќе следува потпишување на договор со кој ќе се заврши целата постапка.