„Еволуцијата на распадот“ ја отвора Неделата на независниот театар во Драмски

Сподели

Претставата „Еволуцијата на распадот“ во режија на Дамјан Димовски, ќе биде премиерно изведена вечерва (14. 1.2025 г.) во 20 часот на сцената на Драмски театар во Скопје.

Претставата е прва од петте што ќе бидат изведени како дел од посветата на независната сцена во Драмски. Работена е според „Отело“ на Вилијам Шекспир, а во продукција на „Артема – театарска лабораторија“.

Музиката е на Дарко Спировски, а играат: Илин Јовановски, Бранко Михајловски, Леонида Гулевска, Илина Чонкова, Тодор Стојковски, Ѓорѓе Нешковиќ.