Претставата „Еволуцијата на распадот“ во режија на Дамјан Димовски ќе биде премиерно изведена вечер (14.1.2025 г.) во 20:00 часот на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Претставата е прва од петте што ќе бидат изведени како дел од посветата на независната сцена во Драмски. Работена е според „Отело“ од Вилијам Шекспир, а во продукција на „Артема – театарска лабораторија“.
Музиката е на Дарко Спировски, а играат: Илин Јовановски, Бранко Михајловски, Леонида Гулевска, Илина Чонкова, Тодор Стојковски, Ѓорѓе Нешковиќ.