Еврообврзницата понудена на светските берзи, каматата за неа ќе биде 5 отсто

Сподели

4393711-euro-money-paper-and-coins

Македонија ја понуди еврообврзницата на светските берзи, а каматата за неа ќе изнесува 5 проценти, објави „Ројтерс“.

Еврообврзницата е со рок на доспевање од седум години, а како главни банки кои управуваат со продажбата на емисијата се „Сити груп“, „Дојче банка“, „Ерсте група“ и „Сосиете женерал“.

Моменталниот рејтинг кој Македонија го има како држава е ББ- според „Стандард и Пурс“ и рејтинг ББ+ според „Фич“.

Голем број политички партии, бизнисмени и експерти предупредија дека задолжувањето ќе биде погубно за македонската економија бидјеќи парите ќе се користат за непродуктивни трошења, а долгот ќе падне на товарот на граѓаните.