Европскиот Парламент го укина имунитетот на Марин Ле Пен

Сподели

Комитетот за правни прашања на Европскиот парламент денеска со мнозинство гласови изгласа укинување на имунитетот на европратеничката од Франција и главен кандидат на претстојните претседателски избори во Франција, Марин Ле Пен.

Оваа одлука на Европарламентот му овозможува на францускиот јавен обвинител да преземе правни мерки против претседателката на Националниот фронт.

Ваквите строги мерки против Ле Пен се преземаат поради тоа што таа во декември 2015 година објави слика на социјалната мрежа „Твитер“ од жртвите на терористичките напади на т.н. Исламска држава на Сирија и Левант (ИСИЛ). На една од сликите се гледа крвавото тело на американскиот новинар Џејмс Фоли со неговата отсечена глава на грбот, а на друга фотографија се гледа човек во запален кафез, додека на трета фотографија се гледа како тенк прегазува човек.

Освен тоа што е лидер на француската десничарка партија Национален фронт, Ле Пен е и пратеник во Европскиот парламент.