ФАКТОР: Русите најавуваат „обоена револуција“ во Македонија – Мирче Адамчевски

Сподели

mirce-adamcevski

Малку невообичаено, илјада километри далеку од Москва, во Крим, портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова вчера одржа брифинг за новинарите.  И оттаму, „ничем изазвана“, ни најави дека во Македонија има опасност од „обоена револуција“.

Захарова зборуваше за „ Учеството на американски претставници во антивладините демонстрации во Белград“! Повикувајќи се на „публикувани материјали во српските медиуми за учество на соработници на американската дипломатска служба во демонстрациите во Белград насочени против раководството на суверена држава“, таа нагласи дека „непосредни организатори на тие настани редовно се разни видови НВО, кои се финансираат од странство“.

А учеството на американските дипломати во протестите го сведе на тоа дека странските спонзори не им веруваат на „граѓанските активисти“ и дека тие на тој начин го контролираат трошењето на доделените пари. Значи Американците даваат пари за протести и контролираат на терен како тие се трошат!

ЕДЕН КУРШУМ ТРИ ЗАЈАКА
И веднаш потоа во истото соопштение – Македонија. „Ние во целост констатираме дека на Балканот е длабоко вкоренета практиката за безочно мешање во внатрешните работи. По таквите добро проверени шеми за активирање на однадвор платено „агресивно малцинство“, се подготвува почва за провоцирање на уште една „обоена револуција“, овој пат во Македонија“, изјави Захарова.

 Потоа на ред е Црна Гора каде што се “игнорира вистинското мнение на мнозинството“ од граќаните“. Станува збор за влегувањето на Црна Гора во НАТО, но за тоа „никој не го побарал мислењето на Црногорците“. „Подгорица при активна поддршка од водечките земји на Алијансата до денес се откажува да спроведе референдум за ова вонредно важно прашање кое го задира секој жител на земјата“, изјави Захарова. И така со еден куршум “три зајака“. И Србија, и Македонија и Црна Гора. И тоа на ден пред почетокот на НАТО самитот.

Очигледно изјавата временски е темпирана. Русија знае дека Балканот, кога-тогаш, во целост ќе замине во НАТО, но постојано презема чекори, ако може, тоа да не се случи. Немајќи што да каже ново за Македонија Захарова одново се враќа на приказната за „обоена револуција“. Во изминативе повеќе од една година дена, руските дипломати неколку пати се јавува со приказната за обид за уривање на владата на тогашниот премиер Никола Груевски со „обоена револуција“. Москва отворено се стави на страната на Груевски.

Го бранеше на секој начин, но работите си го зедоа својот природен тек и Груевски замина, а прашање на ден е кога ќе падне и системот што тој го надгради во државава.

колумната на Мирче Адамчевски  во целост прочитајте ја тука

 

Мирче Адамчевски

faktor.mk