ФБ СТАТУС: ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА

Сподели

– СЈО Заврши онака како што почна, квази институција и чисто политичка алатка чија единствена цел и задача е да ги исполнува желбите на СДС и на некои амбасадори за брутална пресметка со оние кои сметаат дека одлуките за националните и државните интереси треба да ги носат граѓаните на Македонија.
Секој нормален човек е згрозен од бескрупулозноста на конструкциите кои се користат за хистеричен политички прогон, при што за нив правото, вистината и аргументите се најмалку важни.

Повеќе од јасно е дека за личностите-марионети со проблематичен личен интегритет, морален кредибилитет и професионален капацитет доказите, правото и правдата немаат никаква смисла и наместо своето делување да го темелат на силата на аргументите, тие театрално прибегнуваат кон аргументот на силата, слугувајќи му на СДС и криејќи се зад грбот на сценаристите кај кои одат на поклонение.

Фб статус, Гордана Јанкуловска