ФБ СТАТУС: ЈАСМИНКА АНГЕЛОВА

Сподели

jasminka angelova

Многумина се мајтапат на социјалните мрежи за рекордните 12.000 евра што за шест месеци поранешната пратеничка Силвана Бонева ги зела од Државната изборна комисија (ДИК), затоа што од декември минатата година е член на ова тело.

Според информацијата што ДИК ја испратил до „Утрински весник“ Комисијата од 18 декември 2015 година заклучно со 30 јуни оваа година по основ на надомест за користење автомобил во лична сопственост на Бонева исплатила 11.965 евра.

Понатаму се вели: Под претпоставка Бонева секој ден и за викенди и за празници да патувала од Струмица до Скопје и назад, за 196 дена потрошила 2.294 евра за гориво и 764 евра за патарина. Тоа значи дека добила 8.907 евра по основ на надомест за амортизација на возилото кое е во лична сопственост. Доколку Бонева секој ден патувала од Струмица до Скопје и назад, за овие шест и пол месеци поминала 62.720 километри.

Со право се вели „Не ми е криво што сме оштетени, криво ми е што сме измамени“!

Почитувајќи го начелото на пресумција на невиност, неможам да се оттргнам од ваквите мотивациони деликти на користољубиви постапувања и смислени игри за богатења. Прозорецот на мојата поранешна канцеларија во МВР беше насочен кон последната станбена зграда на ул.Димче Мирчев во Скопје. Оттука честопати забележував дека Бонева престојува во посочената зграда, не сум ја видела да управува возило, а во различни временски периоди со ПМВ ја зема и вози НН лице. Кога се навратив на овие сеќавања искрено се посомневав дали таа навистина секојдневно со сопствено возило патува од нејзиното место на живеење кое по лична карта се води во Струмица до нејзиното работно место во ДИК во Скопје.

Да бев во МВР веднаш би ја повикала Бонева за да ја распрашам на повеќе околности околу нејзиниот постојан или привремен престој во Скопје, дали поседува возачка дозвола за управување на патничко возило, за нејзината маршута на движење, нејзините вообичаени работни обврски по Скопје, нивното времетраење, начинот и времето на плаќање при точење на илјадници литри гориво, патарини, сервисирање на возилото и сѐ друго поврзано со овие многу чудни исплати!

Исто така би превзела полициски извиди, тактички мерки и дејствија а во врска со:
– Проверка на видео надзорот на зградата во Скопје во која престојува;
– Разговор со соседите во зградата и ПС од физичкото обезбедување на предната капија во МВР (која директно гледа во посочената зграда);
– Проверка на камерите на сите патарини во двата правци на излез од Скопје кон Велес и кон Куманово, за посочениот шестмесечен период;
– Ревизија на фискалните каси на патарините, на испечатените фискални сметки, поединечните дневни финансиски извештаи и контролни извештаи и дали истите соодветствуваат со времето на работните состаноци и седници на ДИК;
– Детален службен разговор со вработените на патарините;
– Детална контрола на личното возило на Бонева со цел да се утврди оригиналната километражата на истото, да се провери да не станува збор за штелувана километража на возилото итн.итн.

Доколку проверките покажат дека постојат основани сомненија дека Бонева со намера за себе да прибави противправна имотна корист во периодот од месец декември 2015 година до месец јуни 2016 година ја довела во заблуда ДИК со лажно прикажување на факти дека секојдневно патува од родната ѝ Струмица до Скопје односно прикрива факти дека престојува на ул.Димче Мирчев (најверојатно се работи за становите на нејзините синови, барем така пишуваше во медиумите), со што ја навела државната комисија да и исплати износ од околу 12.000 евра за гориво и патарини и со тоа успеала да го оштети државниот Буџет за наведениот износ, односно доколку се обезбедат докази против истата да биде поднесена кривична пријава за кривично дело Измама по чл. 247 став 3 од КЗ, за кое е предвидена казна затвор од три месеци до пет години, по што заедно со обезбедениот доказен материјал да се предаде на јавното обвинителство за понатамошна постапка согласно Законот за кривична постапка.

На ова може да ѝ се додаде и кривично дело казниво по член 353 од КЗ на РМ ама велам да не ѝ дојде многу „а не е знајала“.

Фејсбук статус, Јасминка Ангелова