ПАТОКРАЦИЈА – е тоталитарен облик на владеење во кој се злоуотребува апсолутната политичка власт која е во рацете на психопатска елита или накртако тоа е владеење на психопати. Овој термин е креиран од страна на полскиот психолог Andrzej M. Lobacewski. и негови основни карактеристики се:
1. Супресија на индивидуализмот и креативноста, попречување на остварување на човековите слободи и права.
2. Осиромашување на моралните вредности: социјална структура заснована на само – интересот и култ на личноста,
3. Фанатична идеологија: Најчесто во корумпирана форма на одржливите форми на ,,тројанска” идеологија која станала патолошка форма,
4. Нетолерантост и сомневање кон секој оној кој е поинаков или кој не се согласува со размислувањето и ставовите на владеачката елита,
5. Контролирани и корумпирани медиуми и манипулативна пропаганда,
6. Централизирана и максимална контрола и прислушување по можност и на целата нација,
7. Мито и корупција во невидени размери,
8. Параноидна и реакционерна влада,
9. Изгласување и спроведување во пракса прекумерни, арбитрерни , нечесни и нефлексибилни законски норми,
10. Екстремна нееднаквост помеѓу најбогатите и најсиромашните, многу мал процент на богати и екстремна сиромаштија
11. Владеење со помош на употреба на сила, со заплашување и втерување страв во коска
12. Граѓаните се гледа како на „ресурс” који треба постојано и максимално да се искористува, (нема и незамисливо е вреднување индивидуата според личните вредности и квалитети)
13. Арбитрерна поделба на популацијата ( по класи, по етничко или верско потекло и др) кое пак создава конфликт помеѓу различностите
Јове Кекеновски
фејсбук статус