ФБ СТАТУС: ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ – СЕДУМ ПРИЧИНИ ЗА СПОРОВОЗНАТА ,,ТОПЛО –ЛАДНО” ПОЛИТИКА НА АЛИ АХМЕТИ

Сподели

СЕДУМ ПРИЧИНИ ЗА СПОРОВОЗНА ТА ,,ТОПЛО –ЛАДНО” ПОЛИТИКА НА АЛИ АХМЕТИ

1. Купува време за да ги смири про-вмровците во своите редови но и да ја спаси партијата од расцеп на најмалку две крила,

2. Затоа што смета дека сега се неговите 5 (пет) минути и може да му врати на Груевски за тоа што бил прислушуван, затоа што не бил консултиран за многу работи и бил во негова сенка (трета или четврта виолина) и затоа што заради слепата поддршка на грујовистичката политика изгубил скоро половина од гласовите,
3. Му враќа на Зоран Заев односно го ,,врти на ражен” за објавените прислушувани разговори иако според мое мислење тој беше најпоштеден и најпривилегиран.
4. Купува време за да го врати разнишаниот углед и доверба кај гласачите од албанската етничка заедница затоа што не го реализирал она што му било ,,дадено” од Груевски со Законот за употреба на јазиците кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РМ од 2008 година како и со измените и дополнувањата од 2011 година. Во тој период на прагматичниот Ахмети помилo му беше да негува добри релации со Груевски отколку било што друго..
5. Се обидува да се прикаже како најважен политички фактор како кај домашната така и кај меѓународната јавност од кого зависи се во државава, но и како најкооперативен со ЕУ и САД
6. Со претседателството на партијата се обидуваат да купат време за да ги убедат гласачите дека чесно работеле додека биле на власт и демек ке оделе во опозиција за да се провери нивното ,,чесно” работење, иако повеќе сум од сигрен дека со стап да го бркаш нема да ја напуштат власта
7. Со оваа негова топло-ладно политика по се изледа дека си ја реализира целта а тоа е да го доподели и онака поделениот по сите основи македонски народ. Не џабе беше толку години во коалиција со Груевски и знае како и по која основа најефиксано се врши поделба на еден народ. Divide et impera – (раздели па владеј)

Препорака: За да барем малку ја врати разнишаната довреба како и да ја покаже својата лојалност како и својата лична загриженост за иднината на државата во која е роден покрај тоа што јавно прозборува на македонски јазик редно е како лидер на партија јавно да изјави дека:
• Ќе го почитува и ке се бори да се зачува територијалиот интегритет и суверенитет на Р. Македонија,
• Ќе го почитува унитарниот карактер на државата,
• Ќе се залага за непромена на името на државата,
• Ќе ги почитува грбот, знамето и химната на државата,
• Ќе се залага сите да се чувствуваме како Македонци по род и по државјанство