Добар ден, друштво.
Би сакал да спомнам три работи – позитивната страна на нештата, негативната страна на нештата и што понатаму.
Иако се’ уште не се познати пост изборните коалицирања, факт е дека груевски ќе треба да се објасни ако влезе во коалиција со дуи. Тогаш, најгласниот македонски бранител против (измислената) федерализација и двојазичност, ќе треба да коалицира со единствениот албански политички субјект кој отворено бараше двојазичност – дуи. дуи пак изгуби голем број албански гласови токму поради безкомпромисното коалицирање и сервилност кон груевски. Повторното коалицирање со дпмне може да биде погубно за дуи и тие го знаат тоа. Исто така, груевски и ахмети никогаш не би имале двотретинско мнозинство кое послушно ќе гласа по нивните желби. Факт е дека не ги доби 63те пратеници кои ги бараше. Дека режимот никогаш повторно нема да биде силен како што беше. Од друга страна пак, ние сме многу посилни. Без разлика дали станува збор за партискиот или невладиниот сектор (и за која пратија или НВО станува збор), ние сме посплотени, поорганизирани и пофокусирани од кога било. Треба само да останеме силни.
Негативната страна е што оваа не е ефектот кој го поскаувавме. Во Македонија се’ уште има голем број луѓе кои гласаа за режимот. Гласаа за криминалот, гласаа за партизираноста, за Скопје 2014, за нетранспарентен буџет, за здравството убиец, за Белизе, за 1000 денари за глас, за фамилијата. Гласаа за измислиците за двојазичност и федерализација, за глупост која не постои. Гласаа бидејќи веруваа во тоа, бидејќи беа поткупени, уплашени, или бидејќи не им беше доволно важно. Најискрено, не знам што е полошо и не ми е гајле. И да се разбереме, најмал проблем во целава ситуација ми е тоа што груевски доби повеќе мандати од што се надевавме. Криво ми е дека после се’ што се случи изминативе две години, се’ уште има толку многу луѓе кои, без разлика на причините, сепак го заокружија неговото бројче.
Во однос на што понатаму би сакал да го кажам личниот став, кој не мора нужно да биде и ставот кој ќе го изгради Коалицијата за живот во Македонија. Ако нешто гарантираат овие резултати, тоа е неизвесност. Ниту еден политичар или експерт во моментов не може со сигурност да каже како ќе се развиваат работите во однос на идните коалиции и реформите кои треба да се спроведат. Но без оглед на тоа, јас планирам да продолжам да се борам. За воспоставување на ефективни механизими на конторла и надзор врз власта. Без разлика од која паритја е. За безрезервна подршка на СЈО, за одговорност и правда за кривичните дела кои ги чувме во бомбите и за секоја злоупотреба на власта.
Овие резултати не значат дека тие кои го прекршиле законот нема да одговараат, значи дека ќе биде многу потешко да се постигне тоа. Но, ние не сме познати по тоа што се откажуваме, нели? 😉
п.с. За ситнењето на отпорот, во друга прилика.
Фб статус, Павле Богоевски