ФБ СТАТУС: ПЕТРИТ САРАЧИНИ – Симнувањето на македонското и качувањето на албанското знаме на јарбол сред Куманово е уште една началничка режија

Сподели

Симнувањето на македонското и качувањето на албанското знаме на јарбол сред Куманово е уште една началничка режија, во функција на пеколниот план за почнување на меѓуетничка војна во Македонија! Тој акт мора да се осуди најостро, од самите Албанци и пред сѐ, затоа што не е акт на патриотизам, туку атак на кукавичлук, во кој извршителите се млади Албанци, а нарачателот е некој друг! Еве зошто:

Прво, поради моментот во кој се случува, очигледно е дека овој инцидент оди во прилог на потпалувањето на меѓуетничките тензии, стратегија што ја одбраа началниците за дефокусирање од одговорноста за криминалот на векот и уништувањето на државата.

Второ, поради избраниот град, кој има свежи рани од лани, и незалечени од 2001, што за белосветските стратези за вакви сценариа го прави идеален за ваква игра.
Трето, поради начинот на кој е изведен актот – со злоупотреба на малолетници и млади, кои се премногу наивни и неискусни да препознаат искориатување и мнипулација.
Четврто, можеби на оние кои не се Албанци ова ќе им звучи малку поапстрактно, но Албанците добро ќе ме разберат, па како Албанец и да ви кажам, нешто од нашата историја и традиција: Албанците кога дигаат знаме, не праќаат деца. И кога го дигаат, потоа го бранат со живот. “Kur e ngre flamurin, e ruan me pushke per faqe” (Кога дигаш знаме, го чуваш со пушка по образ). Така беше во НОБ, така беше и 1912. На режисерот очигледно не му е познато, јер није одавде.

 

Драги сограѓани, Албанците во Македонија на 11 декември направија голем исчекор кон заедништвото во земјава, кон нашата сплотеност. Не дозволувајте игрите на началниците да го заматат очигледното! Одиме заедно – до слобода! Vdekje fashizmit, liri popullit!