ФБ СТАТУС: Соња Р.Јовановски – Дојде толку матно време, време на неспокој, време кога ги изгубивме клучевите од капијата на иднината

Сподели

Кога ќе се сетам на „времињата кога знаевме и дека постоиме и зошто постоиме и кои сме и колку многу можеме заеднички да создадеме“…кога ќе се сетам на „времињата убави“ сфаќам дека заминале не само времињата „наши“, туку поминуваат и сите тие пространства како облаци, како вода….како сеќавања….зарем толку беа тоа далечни времиња? ..и додека сите сонувавме за денот кога човек на човека ќе му биде брат ослободен од сите пранги…дојдовме до времето сегашно кога се се повампирило и кога на луѓето нормално им стана не само да се капат во крв, туку и станаа жедни за туѓа крв, луѓето околу мене зборуваат за секаков тип на инвазија и секојпат нови варвари настапуваат на сцена и тоа обично се тие кои не мрднале со прст никакво дело да направат за својата мајковина, а говорат за татковина….си играат свои игри небаре отмено можат да заминат во својата смрт….а се само лажни патници кои се качиле на барката за да создаваат бродолом….и сега …каде? стасавме довде кајшто и сме….на раскрсницата на патиштата по кои со децении кој како ќе му дојдеше фрлаше нагазни мини….со цел кој пат и да го одбереме за да го изгубиме стадото….дојде толку матно време…време на неспокој….време кога ги изгубивме клучевите од капијата на иднината….и тие најмногу што ги боли од времињата на беспатијата….тие сеуште се трудат и со грбно пливање да дојдат до изворот..тие изгубија и свои блиски и живот и огништа……а сите останати итаат да стигнат до кормилото и да ја завеслаат барката каде ќе ги сокријат украдените богатства и да ја истурат исцицаната крв од недолжните за да се замачка со мучуриштата тамошни, за се да остане исто- како што било….стојам нема загледана во бездната на мојата ми мајковина и татковина и се думам дали да останам како скаменета статуа за да потсеќам само на една изгубена генерација….или да тргнам и да поитам напред за да ја претекнам смртта….знам дека и бездруго на гробот до бесконечност ќе се одмарам или грчам од тоа што сум можела, а не сум го направила….друго можеби неможам да направам,ама можам да ги завршам започнатите работи, да му се оддолжам на животот за сите нешта кои ми ги даде (иако многу од нив беа болни и ме демнат деноноќно)…..ќе продолжам да правам дела за луѓето, за нивните верувања, за нивните традиции….можеби само така ќе ставам една точка на времето и просторот и ќе оставам тоа да се движи….и онака никому за никому не му е грижа веќе….ќе создавам за никој да не ми го созида гласот оти иако толку е тих, скоро нем….чека преку своите дела да стане ехо….само ехо…..па нека биде и подземно ехо….

Фб статус, Соња Р. Јовановски