ФБ СТАТУС: ЗЛАТКО ОРИЃАНСКИ – Ти си спремен да пукаш во мене ? Пукај бе братучед, пукај!

Сподели

Музичарот Златко Ориѓански преку Фејсбук му одговори на актерот Владо Јовановски кој преку Фејсбук статус повика на војна:

Владо Јовановски, те познавам можеби 30 години како глумец и како човек, те знам и пијан и трезен. Ти мене, како музичар.

 Многупати сме биле без скршен денар во себе, безбројпати, преполни со пари. Работевме заедно во исти претстави кај покоен Владо Цветановски, ако се сеќаваш, ако Господ не ти го зел до крај паметот.

Дали паметиш, заедно со Владо бевте распаметени од филмот, од нашата музика за „Пред дождот“ се сеќаваш колку ракија и вино измешани со стихови имаме испиено слушајќи моја музика, зборувајќи за Македонија, за Петрета М. Андреевски, за оној поет самоубиец, Љупчо Сивевски ?

Денес, повикуваш на војна. Јас не можам да пукам во никого, ниту во тебе, ниту во твојте деца.

Ти си спремен да пукаш во мене ? Пукај бе братучед, пукај!