ФБИ го приведува шефот на изборната кампања на Трамп

Сподели

Поранешниот шеф на изборната кампањата на претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе мора да им се предаде на агентите на ФБИ во рамки на истрагата за влијанието на Русија на американските избори, пренесуваат светските медиуми.

„Си-ен-ен“ минатиот викенд објави дека постоjат запечатени обвиненија во истрагата што би можеле да предизвикаат политички потреси во САД, како и дека се изработени „планови за апсење“ на првите лица за кои постои сомнеж дека се вмешани во наводното помагање на Русија да влијае на исходот од изминатите американски избори.

Пол Манафорт е првото име што е објавено по неофицијалните сознанија на „Си-ен-ен“, а претходно за него се пишуваше дека е човекот кој „нудел информации на познатиот тајкун Олег Дерипаск“.

Според наводите на „Вашингтон пост“, поранешниот шеф на предизборниот тим на Доналд Трамп му понудил на милијардерот близок до Кремљ информации за претседателските избори кои се одржаа во 2016 година. Манафорт му ги понудил информациите на Дерипаск две недели пред Трамп да ја прифати номинацијата за претседателски кандидат.

meta.mk