Филхармонија ќе гостува утре во Дубровник

Сподели

Македонската филхармонија утре на 26 септември, ќе гостува во Дубровник со концерт на сцената на „Кнежев двор“.

Солистка ќе биде хрватската виолинистка Џана Кариман, концерт-мајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а оркестарот ќе го води диригентот  Борјан Цанев.

На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровничка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт.

Концертот на Националната филхармонија во Дубровник се реализира како дел од годишната програма на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам.