Филипа Сара Попова е добитничка на поетската награда „Млада Струга“ 2024

Сподели

Филипа Сара Попова за нејзината необјавена поетска стихозбирка „Скршен терариум“ е добитничка на поетската награда „Млада Струга“ за 2024 година. Наградата, се доделува во рамките на Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), а во соработка со „Европска куќа“ и со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во земјава. За наградата одлучуваше жири комисија во состав: Славе Ѓорѓо Димоски, претседател, и Виолета Танчева-Златева и Андреј Ал-Асади – членови.

Филипа Сара Попова е родена во јануари 1998 година и е апсолвентка на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Наградата „Mлада Струга“ се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант, на возраст од 18 до 30 години. Оваа година наградата „Млада Струга беше возобновена преку соработка на Струшките вечери на поезијата со Делегацијата на ЕУ којашто од оваа година ќе биде покровител на наградите ЕНХАЛОН и МЛАДА СТРУГА преку Јуроп Хаус-Струга, најновата членка на мрежата на Јуроп Хаус. Oсвен паричен износ, наградата вклучува и објавување на поетската збирка како дел од изданијата на СВП и учество на Фестивалот во чија програма е предвиден портрет на добитникот на наградата.