Филипче и Жерновски на видеолинк со Пекинг на конференцијата за борбата против ширењето на корона вирусот (COVID-19)

Сподели

 

Денеска, во рамки на активностите на процесот за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, познат како “17+1”, се одржува видео конференција, преку која се поврзаа главните градови на земјите од “17+1”. Тема на конференцијата е борбата против ширењето на корона вирусот (COVID-19) и истата претставува дополнителна алатка за директна размена на корисни информации и искуства меѓу надлежните институции од земјите членки.
Видео линкот во Скопје е лоциран во зградата на Министерството за надворешни работи, а наши претставници се министерот за здравство, Венко Филипче и заменик минстерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во присуство на амбасадорт на Кина во Северна Македонија, Џанг Ѕуо.
Конференцијата е овозможена и организирана од министерствата за надворешни работи и за здравство на Народна Република Кина, како земја што беше најтешко погодена од корона вирусот, за да се споделат своите искуства околу преземените мерки и активности во насока на превенција и сузбивање на ширењето на вирусот, а во тек е синхронизирната дискусија.
Во име на Република Северна Македониј во дискусијата учествува директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, која покрај тоа што информира за последната состојба во земјава во контекст на заболените од COVID-19, за нивното лекување, за начинот и капацитите за справување на здравствениот систем во Северна Македонија со овој вирус,  поставува и прашања за тоа на кој начин институциите и граѓаните полесно да се  справат со новонастаната состојба.
Во прилог, линк од видео-конференцијата https://covid19.alliancebrh.com/