Заврши увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места кадешто беа детектирани МРП вакцините, кои беа со добар и проверен рок, меѓутоа со погрешни декларации – изјави Министерот Венко Филипче.
Се констатираше бројот, се напиша Извештајот и сега ќе се продолжи во насока на санкционирање на оваа постапка кон веледрогеријата „Македонијалек“. Ќе инсистираме тоа да биде максималната казна, со оглед на тоа што сметаме дека ваков тип на прекршок, кој сериозно го руши угледот на јавното здравство не треба никогаш повеќе да се повтори.
Во меѓувреме, заврши и состанокот со официјалните претставници на компанијата GlaxoSmithKline, кои имаа увид во самата вакцина, пакувањето и рокот. Не уверија дека тоа е нивен производ, дека рокот е добар и квалитетот е согласно нивните стандарди, потврден со испитување во европски лаборатории, какви што има само неколку во цела Европа и истата вакцина која практично се користи во сите земји на ЕУ.
Ќе ги повикаме на одговорност сите директори на Здравствените домови и тие коишто ја примиле вакцината да ни укажат како можело да се случи ваков пропуст, да не се детектира таа разлика помеѓу вистинскиот рок, кој што е добар и тој на декларацијата, за да преземеме и санкции од страна на Министерството за здравство кон одговорните во овие институции.
Pause-1:24Additional visual settingsEnter Watch and ScrollClick to enlargeUnmute