Филипче: Патниците од Италија да се ослободат од работа и да бидат во домашна изолација до 14 дена

Сподели

 

“Пациентката со констатиран корона вирус е во добра состојбa. Нема потреба од загриженост, системот за следење и прифаќање на сите сомнителни случаи е во добра функција. Согласно сите медицински протоколи, сите надлежни институции се во целосна подготвеност за соодветна реакција според пропишаните протоколи од Светската здравствена организација. Упатувам апел уште до сите компании и институции во кои има вработени кои во изминатиот период патувале во Италија, да бидат ослободени од работните обврски и да бидат во домашна изолација до 14 дена” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.