Филипче: Проектот е-рецепти покажува успешни резултати

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче, истакна дека проектот за електронско издавање рецепти се покажа дека е еден одличен модел и проект.

„Корона кризата го докажа тоа, заради тоа што тие категории граѓани и пациенти коишто најмногу сакаме да ги заштитиме во оваа ситуација, пациентите со хронични болести, сега го избегнуваат непотребното одење во лекарските амбуланти.

Системот досега се покажа како успешен, од први мај досега преку овој систем се креирани над три милиони рецепти за хронична, акутна терапија. Воведувањето на електронскиот начин на издавање рецепти е практично надополнување на активностите за целосна достапност до терапиите и лековите за пациентите и граѓаните, која почна минатата година во октомври кога целосно ги укинавме квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум државата. Со тоа обезбедивме лекови за сите пациенти, за сите наши граѓани кои имаат потреба од тоа да имаат лек во кој било ден од месецот, се избегнаа гужвите, редиците, се избегна паниката. Таа веќе не постои кај граѓаните и со тоа постигнавме една од нашите цели, преку вистински здравствени политики да го зајакнеме овој сегмент од јавно здравствениот систем“, потенцираше министерот Филипче.