Филипче: Сакам да бидам пример за граѓаните, ќе ги поминам празниците во кругот на семејството

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја дочека новата година во домашни услови во кругот на семејството.

Тој денеска во изјава за медиумите апелираше и до граѓаните да бидат совесни, да не се групираат и да ги почитуваат препораките за време на претстојните празници.

– “Сакам да бидам пример за сите граѓани. Сега треба сите да ги почитуваме мерките и препораките и да сме свесни дека тоа е еден од механизмите со кои нема да дозволиме ситуацијата да се влоши сега кога навистина се изборивме и имаме видливи резултати” – изјави министерот Филипче.