Филипче: Скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта

Сподели

 

 

Најголем дел од младите вирусот Ковид-19 го поминуваат без симптоми, па според тоа истите се препознаени како трансмитери на вирусот. Засега, состојбата во училиштата е стабилна, но поради претпазливост и располагање со точни информации и сознанија во подготовка е методологија за спроведување на скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта.

Тестирањата на учениците ќе се прават со брзи антигенски тестови.

Оваа одлука денеска ја соопшти министерот за здравство д-р Венко Филипче, кој воедно истакна дека дополнително ќе бидат презентирани сите детали околу начинот на спроведување на овој скрининг.
 
– По почетокот на школската година се забележува очекуван раст на случаите меѓу учениците. Фактот што најголем дел од младите на таа возраст го поминуваат вирусот асимптоматски, упатува на потребата од вакво тестирање да се види реалниот број на заразени во училиштата и да се процени точно ризикот. Она што е важно дека засега состојбата во училиштата е стабилна, но ваквото тестирање ќе ни даде точни информации и сознанија за понатамошен менаџмент на пандемијата и обрзованието – кажа министерот Филипче.