Филипче: Следната недела ќе одлучиме дали ќе има нови мерки за претстојните верски празници

Сподели

 

Иако состојбата се стабилизира мора да останеме максимално претпазливи. Оваа недела ќе ја анализираме епидемиолошката состојба и трендовите по што ќе одлучиме дали и какви мерки ќе има за време на празниците. Граѓаните максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно да се внимателни за претстојните празници кои се голем епидемиолошки ризик, изјави министерот Филипче.

-“Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува практично е парабола еднаква или скоро еднаква на она што беше епидемиолошка крива во месец ноември и декември лани. Тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, веќе повеќе денови по ред се намалуваат. Спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија, кои беа дополнително ангажирани да третираат ковид пациенти, не само во Скопје туку и низ болниците ширум државата. Зошто? Бидејќи има голема бројка на дијагностицирани пациенти кои согласно карактеристиките на овој бран, а тоа е дека влошувањата настапуваат нешто покасно во текот на болеста, но и дека има нешто потешка клиничка слика, и дека процентот на хоспитализации споредено со процентот лани е поголем 12 до 13% наспроти 7 % сепак има собрано една соодветна бројка на пациенти кои може и во следниот период да побараат болничка нега. Што значи дека циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели после намалувањето на бројките. Како и секогаш до сега единствен критериум врз кој ќе се димензионираат и препорачуваат мерките ќе биде основниот принцип на заштита на здравјето на граѓаните. Веќе на почеток на оваа недела најавивме дека ако продолжат овие трендови угостителските објекти ќе може да се вратат во функција, под посебни услови, да се скрати полицискиот час за 1 час, а во текот на следната недела повторно согласно бројките, согласно притисокот за прием на пацинети кон болниците да одлучуваме како и какви мерки ќе носиме понатаму” – рече Филипче.
 
Министерот истакна дека на средбата со верскте лидери упатил апел, да апелираат до верниците, да ги почитуваат мерките за време на посета на верските објекти.
 

-“Имав средба со двајцата верски лидери и на МПЦ и на ИВЗ, апелирав да апелираат до верниците да се почитуваат мерките. И сега во црквите одат луѓе, се разбира дека за Велигден концентрацијата на луѓе ќе биде многу поголема, и сега има собири во џамиите, свесни се и тоа го прават и сега не дозволуваат голема концентрација на луѓе како и задолжително носење на маска. Верските лидери земаа обврска, сѐ што може како служба да се прави надвор од храмовите, пред храмовите тоа да го направат. Но, какви ќе бидат мерките и препораките во пресрет на Велигден, за време на празникот, одлука ќе донесеме во текот на следната недела” – рече Филипче.