Филипче: Загрижува непочитувањето на мерките

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека зголемен број на позитивни со КОВИД-19 е заради непочитувањето на мерките и што суспектни лица одбиваат да се тестираат, што е крајно неодговорно и загрижувачки.

Најголема концентрација на заболени има во Чаир, Сарај, Гази Баба, Бутел и во Аеродром изјави министероти и најави дека е можно повторно воведување рестрикции во овие општини.

Ако се воведе карантин, тоа ќе биде по примерот на Дебар, односно ќе биде забрането движење надвор од посочениот регион, како и забрана за движење внатре во регионот.

„Ние ја следиме состојбата. Сакам да порачам дека повторно ќе воведеме рестрикции, таргетирани и локализирани на некои места во согласност со бројот на новодијагностицирани ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. Тоа се дискутира на состанокот на Комисијата за заразни болести. Ќе ги анализираме бројките од следните денови од текот на викендот и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките. Поради познатите кластери, нема потреба од нови рестрикции, но ако треба, повторно ќе воведеме. Се укина полицискиот час со јасна порака да се почитуваат превентивните мерки, тоа го прават сите земји и е единствениот начин да се справиме со вирусот“, рече Филипче.

Загрижувачки за здравствените власти е тоа што новиот бран позитивни случаи се заразиле токму во периодот кога во сила беа строгите рестриктивни мерки.

„Многу од граѓаните не веруваат дека постои болеста. Секој ден кажуваме дека станува збор за сериозна болест и дека постои. Значи, мерките мора да се почитуваат – додаде Филипче.

Апелирам министерството за внатрешни работи да го санкционираат односно казнуваат секое непочитување на мерките за превенција.Не само до личната одговорност на луѓето, тука е здравствениот систем, МВР, и граѓаните, овој систем нема да успее ако еден од нив потфрли. Сметам дека такви слики како вчера нема да дозволиме да се повторат, изјави Филипче.