Филипче: Жените од Шуто Оризари ќе добијат гинеколог

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче вчера се сретна со гинекологот д-р Божидар Бошковски, со цел жените од општина Шуто Оризари да ја имаат потребната и неопходна здравствена услуга.

“Жените од Шуто Оризари ќе добијат гинеколог. Д-р Божидар Бошковски е искусен гинеколог, кој ќе се грижи за нивното здравје и ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина. Проблемот го решивме, откако ќе завршат административните формалности тој ќе почне со работа. Најважното е тоа што пациентките ќе можат навремено да ги извршуваат своите гинеколошки прегледи. Продолжуваме и понатаму да водиме грижа и вистинска здравствена политика за сите пациенти” – изјави министерот Филипче.