Филипов: „Македонија“ во името на државата е наша предност во разговорите за трговските марки

Сподели

 

Тркалезната маса во Стопанска комора на Македонија (СКМ) ја организираа Центарот за европски стратегии – Евротинк и Фондацијата „Фридрих Еберт“, заедно со СКМ, а на неа учествуваа и Сојузот на стопански комори, претставник на МНР како и македонските членови од Меѓународната група експерти за решавање на проблемот со трговските марки.

Филипов нагласи дека стопанствениците, односно коморите, а не државите, може да разговараат за имињата, оти сепак станува збор за приватна сопственост.

– Вршиме подготовки со деловните заедници за отпочнување на терен на разговорот меѓу деловните заедници оти во суштина разговорот околу трговските имиња, комерцијалните имиња, трговските марки, брендовите и заштитните знаци, ќе се одвива меѓу деловните заедници кои ќе формираат свои групи за разговор, а меѓународната група на експерти ќе служи да кажува дали излегуваат или се во рамките на меѓународното право и на правата од оваа област на двете држави. Тие разговори ќе треба да биде усогласување на сите досегашни комерцијални имиња на компании, трговските марки што носат македонски, македонско и зборот Македонија што го содржат, коишто може да бидат напуштени, можат да бидат задржани, зависно од тоа како ќе се договорат деловните заедници. Се работи за приватно право на стопански субјекти, не може државата да им го одземе тие права и таа да преговара во нивно име. Да речеме некоја трговска марка можеби вреди и повеќе од самата компанија. И што сега? Државата ќе седне ќе разговара и ќе им каже „Од утре оваа ваша марка не важи“? Им кажавме на бизнисмените како ние предлагаме тоа да се одвива, даваме примери како е решавано меѓу други држави, и членки на ЕУ самите имаат проблеми во рамките на ЕУ.

Ако тераме само по меѓународното право, лесно и брзо може да се разреши сè. Меѓутоа, бидејќи е оптоварено со политички прашања, досега ние не можевме да штитиме марки во ЕУ бидејќи не сме членка на тој Европскиот завод за интелектуална сопственост.

Сега со овој договор и со тоа што РСМ е единствена земја во светот што во името има „Македонија“ имаме малку поинаква позиција, меѓутоа сето тоа на крајот треба да се реши со еден договор, да се реши како натаму ќе се оди со такви трговски марки со зборот Македонија или придавка македонско. И доколку се одвива како што тргна, со заемна почит и довеба, може да се постигне целта за овие три години. Ако се усогласени заедниците, а тоа нема да пречи ни на потрошувачот, нема да настане забуна на пазарот. Значи, нема да биде ништо наметнато со сила. Сега немаме веќе референца, во името, имаме име и според некои конвенции меѓународни имаме многу големи права, зашто имаме зборот „Македонија“ во името на државата – порача копретседателот на меѓународната експертска група за трговските марки, Ѓорѓи Филипов.

meta.mk