На седница на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржана на 14 јуни, година едногласно е усвоена одлуката за предлог кандидати за министри од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Владата на Македонија.
За Министер во Министерството за Правда се предлага Игор Филков. Тој е роден 1979 година во Скопје, дипломиран правник, Претседавач на Централен Одбор на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, член на Извршен одбор, Приватен сопственик, Управител на „Спектрум Медикал„ Скопје, Надворешен соработник на Проект на ФАО – Канцеларија Скопје (UN Food and Agriculture Organisation), Вработен во локалната канцеларија во Македонија за Косово, Логистика и набавка НВО Солидаритес – Solidarités International, во период од 1997 – 2002 активист во Студентски Сојуз, Правен Факултет „Јустинијан Први„ Скопје, УКИМ, во период од 2000 – 2002 Активист на Студентски Сојуз, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
За Министер во Министерството за Јавна Администрација се предлага ГОРАН МИНЧЕВ. Тој е роден 1972 година во Скопје, Генерален секретар на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Дипломиран Економист, Универзитетот „Св. Климент Охридски”, поранешен Пратеник во Собранието на Р.М 2008-2014 , Директор на Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија 2003-2006, Заменик директор ЈП Водовод и Канализација – Скопје 2002-2003.