ФИНСКА: Програма за невработените – Државата ќе исплаќа по 560 евра месечна плата

Сподели

 

EФинска стана првата земја во Европа која на невработените ќе им дава по 560 евра плата месечно. Тоа е дел од експерименталната социјална програма што почна на 1 јануари, пренесува The Guardian.

Програмата има за цел да ја намали државната бирократија, како и сиромаштијата и да го зголеми вработувањето. Програмата ќе трае две години за околу 2 илјади случајно избрани граѓани кои се веќе пријавени во Заводот за вработување. Тие ќе примаат по 560 евра месечно, без никакви барања како да ги трошат, но затоа ќе им бидат намалени другите нивни социјални примања. Просечната плата во приватниот сектор во Финска е околу 3.500 евра. Стапката на невработеност во Финска која има 5 ипол милиони жители, е околу 8 насто.

-Интересно е да се види како ќе се стимулира оваа категорија на луѓе, дали посмело и со поголема самодоверба ќе ја искоритат шансата за ново вработување и како ќе ги трошат овие средства – изјави Оли Кангас, од владината агенција KELA.