Физичка пресметка, врсничко насилство, фалсификување

Сподели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.К.(36), Е.А.(35) и Ј.А.(37), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 20.04.2025 во Крива Паланка, пријавените ги пресретнале А.С., неговиот брат и уште еден малолетник и ги нападнале со употреба на тврд предмет. Потоа А.С. кој се дал во бегство, го пресретнале и повторно физички го нападнале.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А. (28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.01.2025 во полуотвореното одделение во Казнено поправна установа Затвор Скопје, полициски службеници од затворската полиција при извршен претрес во собата на пријавениот, пронашле и одзеле хероин и марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А. (43) од с.Глумово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.11.2024 во с.Глумово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми, ловни патрони, ловна пушка, пиштол „берета“ калибар 9 мм. , рамка за пиштол со куршуми со калибар 9 мм и др..

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Г. (40) од Република Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на службена исправа”. На 22.05.2025 на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта, за патничко возило „опел“ со турски национални ознаки, кое тој го управувал.

На 27/28.05.2025 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Б.(25), М.М.(21), Е.М.(32), Б.Ш.(39), сите од Скопје, 18-годишната В.К. од с.Сопиште, скопско, М.Н.(21) од с.Чајлане, скопско, Р.Д.(22) и Ф.И.(32) двајцата од с.Инџиково, скопско и А.Ц.(40) од с.Ростуше, општина Маврово и Ростуше, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка со остатоци од марихуана и нож. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 27.05.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, управувано од С.М.А.(40) од Скопје, и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Б.(19) од с.Раовиќ, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 27.05.2025 во 12.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода З.А.(45), кој бил со германски патен лист, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на СВР Скопје. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

На 26.05.2025 во 21.00 часот во Скопје, во Стара чаршија, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле К.М.(34) и Х.Е.(43) двајцата од Р.Албанија, поради тоа што било утврдено дека биле со нерегулиран привремен престој во РСМ. Тие се предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија-Скопје за понатамошна постапка.

На 26.05.2025 во 08.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(28) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, е пронајдено и одземено масло од канабис. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

На 27.05.2025 во 23.40 часот во СВР Тетово од Ургентен центар при Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив било примено лице со повреди од нож. Утврдено е дека повредениот е А.Т.(31) од Р.Албанија, кој пријавил дека околу 23.30 часот пред угостителски објект во градскиот трговски центар на улица „Илинденска“ во Тетово, со нож бил нападнат од Б.Ш. од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.05.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријавила дека околу 17.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Карпош, нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот татко Б.К.(52). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.05.2025 во 15.30 часот во СВР Скопје, 88-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 10 часот била измамена од едно лице за сума од 1.800 евра. Според пријавеното, машко лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.05.2025 во 12.40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен В.И.(46) од Скопје, кој, според пријавеното, околу 10.30 часот во објект на подрачјето на Центар, на своето работно место се здобил со тешки телесни повреди. За настанот бил известен трудов инспектор. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

На 27.05.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, Ш.Ш.(47) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.05.2025 во 20.15 часот во СВР Скопје, Х.С.(37) од скопско, пријавила дека околу 17 часот во средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, за време на училишен час, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (28.05.2025) во 06.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево З.К.(48) и А.М.(26) физички ги нападнале Д.А.(22) и неговиот татко С.А.(53), сите од Скопје, при што едниот од нив употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.05.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, Д.Г.(32) од Кавадарци пријавил дека околу 13 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од две лица, од кои едното употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.05.2025 во 09.50 часот во ОВР Крива Паланка, 17-годишник од кривопаланечко село пријавил дека на социјална мрежа било објавено видео од него и друг малолетник со експлицитна содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.05.2025 во 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 11 часот на нива во с.Банско, струмичко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.М.(34), З.А., М.А., Е.М., М.М., Р.М., С.А., Т.И., Џ.И., И.И. и Б.М., сите од с.Банско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.05.2025 во СВР Струмица, Е.Д.(51) од Струмица пријави дека се вратил неговиот син Е.Д.(14), кој истиот ден беше пријавен дека се оддалечил од домот.

На 27.05.2025 во 08.30 часот во СВР Скопје, М.Б.(51) од с.Бардовци, скопско, пријавил дека на 19.05.2025 во 10.30 часот на игралиште во основно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил фрлан во висина од неколкумина негови соученици, при што паднал и се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.