Фон дер Лајен: Македонскиот јазик е вашиот јазик, предлогот го почитува вашиот национален идентитет

Сподели

 

Вашата држава е на пат да станете членка на ЕУ, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во денешното обраќање во македонското Собрание.

„И сега, конечно, би можеле да бидете на прагот на еден одлучувачки чекор напред. Овде сум оти верувам дека ова е моментот да продолжите напред кон нашата заедничка иднина во ЕУ, со Северна Македонија како полноправна членка“, рече Дер Лајен, обраќајќи се пред пратениците, државниот врв, како и шефови на најбитните институции во земјава и поглаварите на верските заедници и странски амбасадори.

Претседателката на Европската комисија нагласи дека во францускиот предлог македонскиот јазик се признава без какви било квалификации, како и дека го почитува националниот идентитет на Македонците, и дека тоа се прави во духот на почитувањето на европските принципи и стандарди.

“Почитувани Македонци, внимателно ја слушав загриженоста за македонскиот јазик и идентитет. Нема сомнеж дека Принципот на идентификација е важен за секој од нас. Може да сметате на мене како претседател на ЕК дека процесот на пристапување ќе ги почитува европските приниципи и стандарди. Имате успешно мултиетничко општество и тоа ја отсликува ЕУ, покажавте посветеност на владееење на правото, на човековите права и правата на сите заедници“, рече Дер Лајен.

Таа додаде дека измената на Уставот за унапредување на основните права ќе ја зајакне посветеноста на земјата за ова прашање и тоа подразбира втора меѓувладина конференција без друга посебна одлука

Билатералните прашања како што се толкување на историјата, не се услов на пристапните преговори.

„Сите сте запознаени, предлогот ги штити вашите интереси и ги зема предвид сите страни. Бидете уверени ЕК секогаш била на ваша страна, продолжува да биде на ваша страна и ќе биде во сите денови што доаѓат“, рече Фон дер Лајен.