Формула 1 од следната година испишува историја – Ќе се возат рекордни 23 трки, а погледнете го распоредот!

Сподели

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) денеска го објави календарот за следната сезона во Формула 1, која вклучува рекордни 23 трки.

хамилтон канада1

Првенството ќе започне со трка во Бахреин на 20 март 2022 година, по што ќе следат трки за ГН на Саудиска Арабија (27 март) и Австралија (10 април).

Австралија ќе биде домаќин за прв пат од 2019 година, а последните две сезони на трката се откажани поради пандемијата на корона вирусот.

Новата трка во календарот ќе биде и Гран при на Мајами (8 мај), а по 2019 година, Јапонија, Канада и Сингапур ќе се вратат на календарот.

Следната сезона, нема да има трки за ГН на Штаерска, Португалија, Катар и Турција (домаќини оваа сезона).

До крајот на тековната сезона остануваат уште шест трки, лидер во генералниот пласман е возачот на Ред Бул, Макс Верстапен (262,5), додека Луис Хамилтон од Мерцедес е втор со 256,5 поени.

The post Формула 1 од следната година испишува историја – Ќе се возат рекордни 23 трки, а погледнете го распоредот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico