Српскиот тенисер Новак Џоковиќ го потврди учеството во Лејвер купот и заедно со Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј ќе бидат дел од „Тим Европа“.
Новак последен пат настапи во Лејвер купот во 2018 година во Чикаго, кога со Европејците го освои шампионскиот трофеј.
„Возбуден сум што се враќам во Тимот на Европа. Ова е единственото натпреварување каде што играте како тим со момци против кои обично се натпреварувате. Играњето со Рафа, Роџер и Енди – тројца од моите најголеми ривали – ќе биде навистина уникатен момент во историјата на нашиот спорт“, рече Џоковиќ.
На сите претходни изданија славеше „Тим Европа“ – во Прага 2017, Чикаго 2018, Женева 2019 и Бостон 2021 година, а засега не се знае кои ќе бидат уште двајца членови.
Од друга страна, „Светскиот тим“ на Џон Мекинро моментално го сочинуваат Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасим, Американецот Тејлор Фриц и Аргентинецот Диего Шварцман.
https://twitter.com/LaverCup/status/1550391014912696320/photo/1
The post (ФОТО) СПЕКТАКЛ во Лондон – За првпат во историјата ќе ја гледаме големата 4-ка во ист тим! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico