ФОТО: Ужас! Погледнете што јадат спортистите на Зимската олимпијада во Пекинг…

Сподели

Руската биатлонка Валерија Васнецова, на Инстаграм ја критикуваше лошата исхрана на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Таа објави фотографија на која се гледаат неколку макарони, компири, малку сос и неколку парчиња месо.

– Ме боли стомакот, многу сум бледа и имам големи темни кругови. Готова сум. Плачам секој ден, толку сум уморна – напишала Русинката покрај фотографијата.

Од приложеното се гледа дека храната е доста сомнителна …

Васнецова јадеше од ова мени најмалку пет дена по пристигнувањето во олимпискиот балон, а потоа жалбите на рускиот тим вродија со плод, па добија различна храна.

Малку подобро, но има и такви кои останаа на истото, па не е чудно што во Пекинг има се повеќе незадоволни.

The post ФОТО: Ужас! Погледнете што јадат спортистите на Зимската олимпијада во Пекинг… appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico