Повеќе од 50.000 полицајци и жандарми, поддржани од страна на војници од операцијата „Сентинел“, ќе бидат мобилизирани за безбедноста на претседателските избори идната недела во Франција, изјави министерот за внатрешни работи Матијас Фекл.
Покрај терористичките закани, безбедносните сили, исто така, ќе се грижат да ги спречат евентуалните “изливи или нереди од екстремистите од сите бои” меѓу двата круга на гласањето за претседател на Франција, кои ќе се одржат на 23 април и 7 мај, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Терористичката закана е “постојана и нависоко ниво, нешто што беше потврдено со актите во Лондон, Стокхолм и на други места”, вели францускиот министер за внатрешни работи, кој објавува дека дека во текот на март имало “19 антитерористичка апсења”, во Франција.
За да се спречи хакерство, “ние ја зајакнавме безбедноста на преносот на резултати”, додаде притоа министерот.
Тајните служби и Париското обвинителство, одговорни за борбата против тероризмот, се во „воена состојба“. Според една статија во весник „Журнал ди диманш“ кандидатите на претседателските избори можат да биде предмет на терористички закани. Така, им се испратени белешки на некои директори на кампањата, посебно на Франсоа Фијон и Емануел Maкрон, пишува весникот.