Во Франција денеска вонредната состојба ќе се замени со законот против тероризам.
Вонредната состојба беше прогласена пред речиси две години, траеше 719 дена, по нападот од 13 ноември, а законот против тероризам беше изгласан на 18 октомври годинава.
Законот ѝ дава зголемени овластувања на полицијата во спроведување на истрагите, можност за затворање верски објекти и за ограничување на движењето на лицата кои се поврзани со екстремисти.
Законот е еден од трите ветени закони на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за време на предизборната кампања. Другите два закони се однесуваат за нормализирање на политичкиот живот и на либерализација на постојниот закон за работни односи.