ФРОДЕМ: ОЧЕКУВАМЕ СЈО ДО КРАЈ ДА БИДЕ ДОСЛЕДНО, ПРАВИЧНО И ОБЈЕКТИВНО

Сподели

frodem-860x678

ФРОДЕМ изразува загриженост од постапувањето на Специјалното јавно обвинителство во случајот „Шпион“. СЈО согласно законот требаше да изнесе и предложи нови факти и околности поврзани со прислушуваните разговори со кои ќе побара овој монтиран случај да се врати на повторно судење пред првостепениот суд. За жал, тоа не го стори. Оваа процедурална обврска ја имаше и дотолку повеќе поради екстрадицијата на еден од обвинетите. Неможноста на обвинет во повторена постапка, преку нови факти и докази, да докажува своја невиност е состојба која сериозно го засега и загрижува секој граѓанин.

ФРОДЕМ очекува од Специјалното јавно обвинителство да биде орган кој го гони криминалот поврзан со прислушувањето, но особено како орган кој треба да исправи неправди во политички монтирани случаи. СЈО најави дека храбро ќе се зафати со оваа чувствителна јавна цел и затоа докрај треба да биде доследно, правично и објективно.  Калкулациите се дозволени во политиката, на берзата, но никогаш кога станува збор за правда, владеење на право и човечки судбини. Доколку продолжи да постапува на овој начин ФРОДЕМ целосно ќе ја повлече поддршката.

Одредени режимските мегафони се обидоа да направат гротескна споредба на казните во случајот „Шпион“ со наводните казни на некакви „нивни“ градоначалници. ФРОДЕМ порачува дека трепението во однос на искажани пропагандни глупости и криминални споредби истекува. Особено кога станува збор за случај во кој има тригодишни притвори. ФРОДЕМ не може да разбере како било кој нормален може да критикува предлози за намалување на казни. Овој нецивилизиран чин е опасен показател дека во Македонија е допрено „дното на дното“. Целта, по секоја цена да се критикува СЈО, може само да води кон деформирање на неговата работа, а на штета на правдата и јавниот интерес. Затоа фактите нека зборуваат, а политиката нека молчи.

ФРОДЕМ очекува од Апелациониот суд Скопје да биде на исто професионално ниво како и за време на судењето и низ исправно постапување по овој предмет да ја врати вербата во правдата и значително да го подигне паднатиот углед на судството.

Правниот комитет на ФРОДЕМ ги разгледува правните и процедуралните аспекти на случајот и постапувањето по него и наскоро дополнително ќе се произнесе“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.