ФСБ: Финансискиот систем е на мета на кибер напади

Сподели

fsb

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека странски специјални служби подготвуваат од 5 декември да извршат големи кибер-напади, со цел да го дестабилизираат финансискиот систем на Русија.

ФСБ на својата интернет страница објави дека целта на тие кибер-напади е да се уништи активноста на „главните руски банки“.

Според агенцијата ТАСС, серверите и командните центри, од кои ќе се вршат нападите, се наоѓаат во Холандија и се во сопственост на украинската компанија „BlazingFast“.