Фудбалерите на Реал Мадрид по 12. пат ја освоија Лигата на шампионите

Сподели

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва ја освоија Лигата на шампионите за сезоната 2016/2017, јавува Anadolu Agency (AA).

Во финалната средба која се играше вечерва во Кардиф (Велс) Реал го победи Јувентус со резултат 4:1 и така стана првиот клуб кој успеа да ја одбрани титулата победник на Лигата на шампионите од кога се игра во формат од 1992 година. Тимот од стадионот Сантијаго Бернабе ја освои 12. титула на клупски прв пат на Стариот континент.

Иако Јувентус подобро го отвори мечот, по почетните 10 минути Реал ја воспостави иницијативата на теренот. Потоа тимот на Реал од контра напади, а од одлична акција, нивните први поконкретни резултати на натпреварот, во 19. минута дојдоа до резултатска предност. Дани Карвајал одигра на повратна топка кон Кристијано Роналдо, Португалецот со удар од прва неодбранливо шутираше во долниот десен агол од голот на тимот од Торино – 1:0.

Сепак, Јувентус се врати во игра само осум минути подоцна и тоа на феноменален начин. Марио Манџукиќ постигна еврогол, за аналите на историјата на Лигата на шампионите. Голманот Кејлор Навас беше апсолутно немоќен – 1:1.

До крајот на првото полувреме се играше и од двете страни отворено во висок ритам.

Во второто полувреме Реал влезе поконкретно. Тежиштето на играта апсолутно се пренесе пред голот на Јувентус. По неколку шанси, кралскиот клуб доаѓа до ново водство. Играчите на Реал го окупираа шеснаесетерецот на италијанскиот првак и во 61. минута Касемиро посилно шутираше. Топката се одби од Сами Кедира, го смени благо правецот и заврши во голот на Буфон – 2:1.

Ниту три минути подоцна Лука Модриќ пресече акција на Јувентус. Потоа и центрираше. На првата статива се најде Роналдо кој рутински го матираше Буфон – 3:1.

Потврдата на триумфот на Реал ја направи во последната минута од натпреварот. Марчело асистираше до Марко Асенси и тој го матираше ветеранот Буфон – 4:1.

На крајот, се испостави дека Јувентус беше очаен во второто полувреме, па Реал покажа дека моментално е подобар и заслужено шпанскиот првак во своите витрини го задржа трофејот наменет за најдобриот во Европа.