Фунтата ќе падне ако Британија ја напушти ЕУ

Сподели

funta

Банка на Англија предупреди дека референдумот за иднината на Велика Британија во Европската унија претставува потенцијално „најголем ризик“ за светските пазари.

„Резултатот од референдумот и понатаму е најголема опасност со која се соочуваат британските финансиски пазари, а можеби и глобалните финансиски пазари. Доколку се гласа за излегување од ЕУ, курсот на фунтата ќе се намалува, со можност нагло да се намали“, се вели во записник од јунски состанок на Банката на Англија.

Според Банката на Англија, излегувањето на Британија од ЕУ може да предизвика „материјално пониски“ изгледи за економски раст.

Фунтата ќе падне ако Британија ја напушти ЕУ