Македонската опера и балет по повод 70. годишнината од Македонската опера, ќе одржи гала концерт на кој ќе учествуваат сите првенци, солисти и оркестарот и хорот на МОБ.
На концертот ќе бидат изведени арии, дуети, терцети, квартети, оркестарски и хорски нумери од светски автори. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер е Дејан Прошев.
Првата професионална оперска претстава изведена во Македонија е „Кавалерија рустикана“ на 9 мај 1947 година. Во подготовките и изведбата учествувале Тодор Скаловски како диригент и Бранко Поморишац како режисер. Хоровите ги подготвиле Петре Богданов – Кочко, Тодор Скаловски и Стефан Гајдов.